• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Ако пчелните семејства се уништени од мечка, пчелари со години треба да се судат со државата за оштета

21/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во време кога целиот свет се бори да ја зашити пчелата од изумирање поради климатските промени, во Македонија на пчеларите тешко им оди и поради соочување со неповолната државна поддршка.  Здруженијата на пчелари од Тетово бараат јавните повици, грантови и мерки да имаат поолеснителни околности за да можат и пчеларите да конкурираат.

-Ретки пчелари имаат 10 илјади евра да аплицираат во „Млад земјоделец“. Готови 10 илјади евра за да аплицира во во „Млад земјоделец“. Затоа тој треба да оди по банки, да бара долгови по колеги и тоа е една од најголемите причини што пчеларите не ги користат овие алатки толку значајни за развој на пчеларствтото, изјави Дритон Дикена, Здружение на пчелари Градот на пчелите

Државата направи промена во висина на субвенциите со скалести износи согласно број на пчелни семејства што според пчеларите не е соодветно решение. 

-Ги зголемија субвенциите но на штета на професионалните пчелари на кои им ги намалија субвенциите и на штета на пчеларите почетници. Како гранка во земјоделие сме последни во добивањето субвенции.Секогаш ги добиваме последни и оваа година се уште не ни се исплатени, вели Владимир Петровски, Здружение на пчелари Полошки мед. 

Ако пчелните семејства се уништени од диви животни особено мечка, која е заштитена и не смее да се лови, тогаш тешко оди обештетувањето на пчеларите.  Тоа можат да добијат само ако ја тужат држават а тоа трае многу години.

-Потребно е да се намали тој процес, да се направи полесна, побрзо да се изврши обештета на пчеларите, рече Петровски.

Само оваа пролет има десетина случаеви во полошкиот регион на напад на пчелни семејства од диви животни, претежно мечки. 

 

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава
Тетово, зелен пазар

Шест годишно дете го изгуби животот откако денеска околу 13 часот паднало во реката Пена во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.