Општинската организација на Црвен крст Тетово вчера во просториите на Здружението на пензионери Тетово по повод 1 -ви октомври, меѓународен ден на старите лица одржа работилница за правата, неопходната грижа и заштита на старите лица во земјата. Воедно се дискутираше и за зголемување на разбирањето за влијанието на Ковид-19 врз старите лица, информирата од тетовскиот црвен крст.
Денес Општинската организација на Црвен крст Тетово заедно со стручна екипа од Службата за трансфузиона медицина при тетовската клиничка болница организираат нова крводарителска акција во населеното место Џепчиште.
-Крводарителската акција ќе се спроведе во просториите на џамијата во село Џепчиште, општина Тетово денес од 13:30 до до 16:00 часот, информираат од тетовскиот Црвен крст.
Оваа крводарителна акција беше планирана за 21 август но се одложи за денешниот датум.
А.С