• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, мерки за десет возила

07/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово информира дека во рамките на бројните превентивни, контролни и други активности за поголем сообраќаен ред и безбедност кои овој месец секојдневно се преземаат на подрачјето на тетовската полиција вчера (6 јули) од 11 до 15 часот спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.

Во контролата биле откриени и санкционирани 5 технички неисправни возила (ТЕ-2 и ГВ-3).Три од нив (ТЕ-2 и ГВ-1) имале нeисправни сопирачки, а 2 ГВ) неисправни светлосни уреди.Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај, додека на возачите изготвени им се соодветни поднесоци.

Покрај ова, санкционирани се и 5 возила (ТЕ-3 и ГВ-2) кои не ги поседувале потребните документи и против кои ќе следат поднесоци по член 284-а од Кривичниот законик. Во контролата, исто така, санкционирани се и 27 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-15 и ГВ-12).

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до сопствениците на возилата и посебно до оние кои вршат јавен првоз редовно да ја проверуваат техничката исправност и да не ја доведуваат во ризик нивната и безбедноста на патниците и другите учесници во сообраќајот.

-Ова, дотолку повеќе што деновиве на тетовско-гостиварското подрачје значително  зголемена е вкупната сообраќајна динамика, пред се низ градските улици во Тетово и Гостивар, но и на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и околните регионални патишта. Се апелира, исто така, возачите да ја прилагодат брзината според посточеките знаци и прописи, да не седнуваат зад волан недоволно одморени, под дејство на алкохол или без возачка дозвола.Зашто, претстојат интензивни контролни активности на подрачјето, кои секојдневно ќе ги реализираат полициските службници на СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

Во Тетово ќе се промовира дигитален „Архив на Хрвати во Македонија“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.