• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Александар Велјановски : Кој политичар од власта за 4 милиони евра дозволи Тетово да биде претворено во градежна бетонска џунгла ?

10/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Александар Велјановски од Тетово денес повторно од прес-конференција побара одговорност за просторот на ШИК Јелак.

-300.000 евра, гратис 2000 квадрати, 2 милиони евра откако работата ќе биде завршена и уште два милиони евра од друг, ова е поткупот за бетонската џунгла која овде зад нас ќе никне, а која завршила во џебовите на некој од власта. Дака за оваа работа се видел и со Заев. Ова не се зборови на ВМРО-ДПМНЕ, ова го говори бизнисменот Миодраг Давидовиќ Дака, познат по своите анти ЕУ и анти НАТО ставови од снимката која целата јавност ја слушна, а која ние заедно со текст од оваа изјава ќе ја поднесеме до Јавното Обвинителство. Според снимката која беше објавена во медиумите Дака дал 300.000 евра на Зоран Милески Кичеец, 2000 квадрати простор на непознато лице и ветување дека откако ќе го добие ветеното ќе плати уште 4 милиони евра.

Заев преку Дака отвора врата за анти НАТО и анти ЕУ политики во државата. СДСМ и ДУИ побрзаа она што сите слушнавме дека Кичеец го вети во снимката да го реализираат. Останува непознато кај кого точно завршиле 4 милиони евра?! Кој политичар од власта за 4 милиони евра дозволи Тетово да биде претворено во градежна бетонска џунгла?!

Јавното Обвинителство не смее да го премолчува очигледниот криминал. Се што слушнавме дека Зоран Милески Кичеец вети, сега е реализирано. За истата работа, како што слушнавме од снимките, Кичеец му организирал средби на Дака со Драги Рашковски, тогашен генерален секретар на владата и Зоран Заев лично.

Постапката за добивање на согласност е истуркана во рекорден рок од 7 дена, во услови кога остатокот од граѓаните и фирмите чекаат со месеци. Сето ова индицира на криминал.

Јавното Обвинителство мора да го испита случајот и да покрене постапка против Зоран Милески Кичеец, Драги Рашковски и Зоран Заев.

Јавното Обвинителство мора да отвори случај за злоупотреба на службената положба и овластување против Драги Рашковски и Зоран Заев согласно чл.353 ст.5 од Кривичен законик

Обвинителството да не спие и да го расветли скандалот. Одговорност мора да има. Јавното Обвинителство мора да отпочне постапка. Никој не смее да премолчува очигледен криминал.

Законите мора да се почитуваат и спроведуваат, а сегашното премолчување на криминалот, ќе значи одговорност за сите утре, истакна на прес-конференцијата пратеникот Александар Велјановски.

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Скопјани приведени за вознемирување и закани за својата сопруга и мајка 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!