Кандидатот за пратеник Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ испрати соопштение до јавноста
-Кандидатот за пратеник на сдс кој воедно е и директор на управен инспекторат, вчера се пофали дека во работно време го посетила Центарот за вработување во Тетово кој не постапува исто како и целата Агенција за вработување за предмети кои се во нејзина надлежност а во врска со барањата на стечајните работници за материјално обезбедување.
Стечајците се заложници на лошиот рејтинг на сдс и вчерашната посетата на Фаница Николовска имаше за цел да ја пролонгира управната постапка за уште 20 дена за 10 000 стечајни работници не ја дознаат вистината дека нема да остварат право на паричен надоместок!
Никој веќе не се сомнева дека институциите се заробени и дека не се почитува ниту Устав ниту закон а единствено за што се надлежни и постојат во последните 3 години е да удоволуваат на партиските потреби на сдс и грижата за рејтингот на партијата.
Имено на 16 јануари 2020 година излезе во Службен весник Законот за материјално обезбедување…(Закон за стечајци), со кој невработени лица можеа да остварат право на паричен надоместок доколку поднесат барање заклучно со 31 јануари 2020 година.
Од 31 јануари 2020 година до денес, поминати се скоро 6 месеци и освен невработените лица кои ги исполниле условите и оствариле право на паричен надоместок(околу 500 лица), сите останати(околу 10 000 лица), кои поднеле барање но не ги исполнуваат условите, Агенција за вработување не им доставило никакво Решение и сеуште не е одлучено во управна постапка иако рокот согласно ЗВОСН и ЗОУП е 30 дена од денот на приемот на барањето.
Целта на одговорните лица во Агенција за вработување е да се избегне револтот на невработените лица кои освен што ги оставија без работа во 90 тите години, 5 пати ги лажат од 2017 до денес дека ќе ги згрижат а бидејќи сега е предизборие, лошите вести не треба да се соопштат без разлика што со тоа се нарушуваат правата на граѓаните, се прекршуваат најмалку 2 закони и неповратно се упропастува угледот на институцијата.
Дали Агенција за вработување постои за да го негува рејтингот на сдс и лошите вести можат да дерогираат управна постапка!? Дали 5000 лица, 10 000 лица или 15 000 лица се жртва на лошиот рејтинг на сдс!? Кога од Агенција за вработување ќе им ја соопштат лошата вест на илјадниците баратели на материјално обезбедување кои 6 месеци чекаат одговор!? И дали овој скандал е доволен за одговорност или рејтингот на сдс има приоритет пред правата на граѓаните!? Одговорност ќе има! Обнова на Македонија се ближи, “блескави”!
Членот 81 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност гласи: „По барањето за остварување на правата од членот 80 став 1 од овој закон Агенцијата каде што е евидентирано невработеното лице донесува решение во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Жалбата против решението од ставот 1 на овој член се поднесува до министерството надлежно за работите од областа на трудот во рок од 15 дена од денот на приемот на решението и не го одлага извршувањето на решението.”
Член 93 од Законот за општа управна постапка гласи: „Рокови за издавање управен акт (1) Управната постапка во прв степен, поведена по барање, освен кога е поинаку предвидено со закон, се завршува во најкус можен рок, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на нејзиното поведување. (2) Рокот од ставот (1) на овој член започнува да тече од денот кога странката го поднела барањето со сите докази кои била должна да ги поднесе. ”
Член 94 од Законот за општа управна постапка гласи: „Продолжување на рокот во првостепената постапка (1) Освен кога е изречно забрането со закон, јавниот орган може еднаш да го продолжи рокот од член 93 став (1) од овој закон, ако сложеноста на предметот тоа го оправдува. (2) Продолжувањето е допуштено за периодот што е потребен да се заврши постапката, во зависност од сложеноста на предметот, но не може да биде подолго од 30 дена. (3) Продолжувањето на временскиот рок и новиот датум на неговото истекување се соопштува на странката во првичниот рок и треба да се даде соодветната причина за истото.
Посетете ја страната ОБНОВА и запознајте ја нашата заедничка визија за тоа како треба да изгледа и во кој правец ќе се движи Република Македонија во иднина!
Почитувани пријатели!
Прочитајте ја програмата на ВМРО-ДПМНЕ за четиригодишниот мандат 2020-2024. Во ОБНОВА се содржани издржани проекти кои се обврзуваме дека ќе ги реализираме, истакнува во соопштението Велјановски.