• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Алијанса за Албанците : Да се продолжи пописот за десет дена

28/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На прес-конференција партијата Алијанса за Албанците од Тетово побара да има итна седница на Собранието со цел да се продолжи пописот за десет дена. 

-Веќе се доближува крајот на пописот, а на наша адреса се пристигнати многу жалби од страна на граѓаните кои што се жалат дека во нивните домови не е пристигнат ниту еден од попишувачите за да ги попише. Ова е скандал, бидејќи законот обврзува да се посети секое домаќинство и да се попише секој граѓанин.

За жал, ваквите мрачни сценарија кои што ние како албанска опозиција ги најавивме дека ќе се случат, стануваат реалност и сето тоа заблагодарувајќи му на постојаниот вазал во владата на Северна Македонија, а тоа е ДУИ. 

Пред 11 години го прекинаа пописот и не дадоа ниту едно објаснување за јавноста.  Сега го одложија пописот со цел за да манипулираат со процесот и тоа можеби на секого му оди во корист, но, само на Албанците не.

Јасно е дека ние бевме единствените што се спротивставивме на одложувањето на овој процес и сега произлегува дека сме имале потполно право. Пописот се одложи, просто, за да спласне еуфоријата и мотивацијата на Албанците да се попишат. Дали некој е запознаен дека диајаспората од моментот на одложувањето комплетно го има игнорирано овој процес и не продолжи да се попишува. Значи, се докажува тоа што ние го велевме, дека ова е една политичка одлука преземена како одговор на масовното излегување на Албанците да се попишат.

Неважни се видеата со кои се рекламираат лидерите на политичките партии како се попишуваат, кога во овој процес останаа непопишани обични граѓани.

Заводот за статистика треба да работи 24 часа на ден, без прекин, ако тоа е потребно, со цел да не остане ниту еден граѓанин непопишан, а не да не им се дозволува на попишувачите да попишуваат  по 5-6 домаќинства на ден со образложение дека не работи серверот- оваа информација доаѓа од попишувачите. 

Собранието под итно да повика седница и да предвиди 10 додатни денови за пописот, што и беше предлог од парламентарната група на Алијанса и Алтернатива од јануари кога и се доведе законот за пописот.

Ги повикуваме граѓаните да ја искористат секоја можност за да се попишат, исто така и пријавувајќи се во центрите што ги одредил заводот за статистика, иако беше должност да се посети секое домаќинство за да се изврши пописот на населението, беше истакнато на прес-конференцијата.

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

За шест часа казни за 127 возачи за пребрзо возење

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.