Во соопштение до јавноста партијата Алијанса за Албанците реагира на тоа што поминаа четири месеци од трагедијата во Тетово при што загинаа 14 луѓе во пожарот во модуларната болница.
-Актуелниот режим уште од првите денови по трагедијата почна да ја крие вистината, трагите од злосторството и да ги исмева роднините на жртвите депонирајќи ги, а потоа отфрлајќи ги оставките. За да биде иронијата поголема, министерот и заменик министерот за здравство не беа разрешени кога живи изгореа 14 тетовци, туку кога требаше да се прават политички пазарења за да преживее режимот. Ова само го потврдува тоа што постојано го предупредувавме, дека власта на хибридниот режим е поважна од животот на граѓаните, се вели во соопштението.