Алијанса за Албанците смета дека три недели по трагедијата во Тетово кога животите ги изгубија 14 лица во ковид болницата наместо одговорност, членовите на власта комотно учествуваат во изборната кампања.
-Поминаа три недели од големата несреќа во Тетово. Три недели од како 14 луѓе изгореја живи под покривот каде беа отидени за да оздрават. Денес три недели од кога изгоре модуларната болница нема ниту еден знак на подмирување на совеста на тие кои што се директно одговорни за оваа трегедија. Изборната кампања ги има опфатено сите, докажувајќи повторно дека граѓанинот за власта е само алатка за собирање на гласови и продолжување на векот на нивното неуспешно управување. Уште еднаш докажаа дека нивната рака кон граѓаните се додава само кога треба да им се украде од џебовите, да им се украдат сништата и иднината, изјави Вјолца Бериша, претседателка на Форумот на жени при Алијанса за Албанците.
Таа посочи дека потребни се казни за ваквото однесување кај власта.Рече дека како политичка партија заедно со граѓаните нема да дозволиме измама.
-Ние нема да ги заборавиме 14-те изгорени тела ниту болката на семејствата што ги загубија нивните најмили, ниту одговорноста на функционерите. Тројцата протагонисти од тешката несреќа кои што денес требаше да одговараат пред правните органи, министерот за здравство Венко Филипче, заменикот министер Илир Хасани, заедно со директорот на болницата Флорим Бесими, не само што не дадоа оставка како морален чин туку продолжуваат со нивните активности во оваа изборна кампања. Одејќи до населбите со граѓаните и ветувајќи им подобар живот барајќи им го нивниот глас за да уште еднаш ги помножат со нула или Господ да чува и да не брани,на еден или друг начин, да ги изгорат на живо повторно, изјави Вјолца Бериша, на прес-конференцијата во Тетово.
ас