• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Алијанса на Албанците : Зошто проектите во здравството доживуваат неуспех

Претставници на Комисија за здравство при партијата Алијанса на Албанците одржаа прес конференција во партиските канцеларии во Тетово со реакција на актуелните случувања во здравството како и случајот со ранување на двајца млади на свадба во тетовска Мала Речица. Претседателот на Комисијата за здравство Д-р Бекир Татеши побара одговорност на Владата за неуспешните политики во здравството.

09/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претставници на Комисија за здравство при партијата Алијанса на Албанците одржаа прес конференција во партиските канцеларии во Тетово со реакција на актуелните случувања во здравството како и случајот со ранување на двајца млади на свадба во тетовска Мала Речица. Претседателот на Комисијата за здравство Д-р Беким Татеши побара одговорност на Владата за неуспешните политики во здравството.

-За проектот државна детска кардиохирургја и болница Жан Митрев ние како здравствена комисија во декември 2018 рековме дека се работи за проект не добро припремен, нетранспарентен, и затоа тогаш кажавме дека ќе дојде до неуспех. Го поврзувавме со претходната Влада која имаше неуспех со проект хронична хемодијализа. Каде што за секоја сеанса пациентите и државата се принудени да плаќаат лек 20 до 30 повеќе од поранешниот систем каде што пациентите со хемодијализа беа третирани по државните болници. Нашите прашања се кој тоа одлучи колегата Чадиковски да мигрира од државна болница во приватна болница знаејќи дека во клиниката за детска хирургија беа инвестирани милионски суми за апаратура и за едукација на екипата. Дали ова значи дека болницата Жан Митрев нема да продолжи со операции затоа што екипата на колегата Чадиковски се единствени доктори лиценцирани за вакви операции. Го прашуваме министерот дали ќе се укинат и другите и другите проекти во склоп на јавно приватно партнерство како што е централизација биохемиски лаборатории, стерилизација на хируршки сали како и првата помош, истакна Татеши.

Татеши постави прашања до министерството зошто нема реализација на најавените проекти како нов котел во гинекологија на клиниките во Скопје, зголемување плати на здравствените работници, спречување миграција на кадар, целосно бесплатно лекување за сите осигуреници, укинување на партиципација,бесплатна специјализација за најдобрите 10 студенти и слично.

-Сето ова не тера на тоа дека новиот проект за нов клинички центар вие тука мислите да ги покриете неуспесите со ваков голем капитален објект, каде исто има нетранспарентност и тоа само појавува проблематика кај колегите и медиумите. Затоа го повикуваме колегата Филипче на дуел со експертите од комисијата за здравство при Алијансата на Албанците да разговараме за горенаведените проблематики, рече Татеши.

Од Алијанса на Албанците  бараат државна одговорност за случајот со ранување на двајцата млади на свадба во Тетово.

-Добивме информации дека при првата интервенција кај младиот пациент не е изваден куршум и после напрвени испитувања. Прашуваме дали куршумот останува поради медицинска индикација или да се прикриваат некои факти, рече д-р Беким Татеши

За овој случај од партијата најавија дека ќе бараат увид во документацијата на клиниката за тораковаскуларна хирургија, клиника за трауматологија, судска медицина, како и во Министерство за здравство.

Тагови: алијанса за албанцитепрес конференција

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Осветени и поставените крстовите на црквата Свети Атанасиј во Брвеница која се проширува

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!