• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 29 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Алијанса на Албанците со обвинување до општина Тетово дека ги злоупотребува парите од Норвешка за чистење на старата тетовска депонија

18/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовскиот огранок на Алијансата на Албанците преку прес конференција упати обвинувања за општина Тетово и Владата дека правеле злоупотреба на средствата на Норвешката Влада за расчитување на старата тетовска депонија за кои денес извршија теренска посета. Според Алтрим Мамути претседател на огранокот во Тетово, отпадот од Фалише не се носи во Дрисла.

-За жал нашите информации зборуваат дека отпадоците завршуваат во дупки кои се отвараат во полошките полиња, за да се избегне плаќањето во депонијата Дрисла. Со овој чин од една страна се злоупотребуваат средствата, а од друга страна се загадува животната околина. Нашите информации кажуваат дека Владата на Норвешка побарала од нашата Влада, по конкретно од нашиот премиер и од секретарот на Владата и од министерот за животна средина да ги инспектира работите на терен. За жал досега немаат превземено ништо до сега во оваа насока, изјави на прес конференција Мамути.

Тој истакна дека Норвешката Влада започнала истрага.

-Ние имаме информации дека проектот за чистење на одводните води во село Фалише, а кој проект се подржува од Норвешката влада е 3 милиони евра. Проектот се организира од УНОПС-Норвешка и сега освен набљудувачите од Норвешка имаме и комисија составена од 5 члена кои го истражуваат овој проект. Нивната грижа се одобрените 3 милиона евра во горенаведената локација се за отстранување на отпадоците кои треба да завршат во депонијата Дрисла, рече Мамути.

Од општина Тетово соопштија дека сите информации околу проектот се веќе објавени на настанот на кој беше присутен и прв секретар на амбасадата на Норвешка.

Александар Самарџиев

Тагови: Алијанса на Албанцитедепонијапрес конфреренцијаТетово

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

„Предизвикот на Шар Планина“ погоден и за рекреативци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.