• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Али Ахмети доби титула Doctor Honoris Causa на Универзитетот во Тетовo

17/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Универзитетот во Тетово на денешната свечена академија му ја додели титулата Doctor Honoris Causа на Али Ахмети, претседателот на политичката партија Демократска унија за интеграција (ДУИ). Одлуката на Универзитетот за доделување на титулата e донесена поради личниот ангажман на Али Ахмети за општествено-политичките промени во земјата.

-Ахмети е заслужен поради повеќе негови ангажмани како што се промена на правниот и политичкиот статус на Албанците во Северна Македонија, вклучително и уставни измени во согласност со Охридскиот договор, територијалната организација и децентрализација, фер и соодветна застапеност на Албанците во државните институции, вработување на над 20 илјади административци во сите државни институции, официјализирање на албанскиот јазик и албанското национално знаме, формализирање на Државниот универзитет во Тетово, формирање универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје и друго, истакна во рефератот по повод прогласувањето, професорот Шаип Шеху.

Али Ахмети истакна дека и понатаму ќе се залага за унапредување на општествените состојби и образованието.

-Не дојдов со подготвен говор. Мислев дека е подобро да се вратиме во спомените и  да ги спомнеме сите кои придонеле за напредокот на образованието. Дојдов да ви ветам дека и понатаму ќе работам за подобрување на албанското образование, за подигање на вредноста на образованието, инфрастуктурата и условите на универзитетот. Затоа што само така можеме да бидеме конкуретни и да одиме напред.Темелите се поставени сега треба само да со знаење да бидеме конкурентни на сите полиња, истакна Али Ахмети.

Ректорот Вулнет Амети истака дека  во изминатите 26 години многу труд е вложен за Унивезритетот.

-Годишнините ни помагаат да се вратиме во минатото време и да ја запомниме нашата историја. Историите на основањето на Универзитетите во светот, се рзлични и секако не се толку специфични како основањето на УТ, кој беше создаден од народот. Во текот на изминатите 26 години на е вложен многу труд oваа високообразовна институција денес да биде современа, рече Вулнет Амети.

 

 

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Алијанса за Албанците и Алтернатива : Универзитетот е на народот, не е на Али Ахмети

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.