Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово Ангел Карапетров одржа прес-конференција.
-Деновиве сме сведоци на класичен политички реваншизам од страна на централната власт. Со ваквите постапки се покажа недемократското и неодговорно владеење на оваа влада. Имено, власта се реваншира на неистомислениците во СВР –Тетово со прераспределба и деградирање на голем број на полициски службеници на други работни места надвор од општините каде што живеат.Извршена е прераспределба без да се почитува Закон за внатрешни работи, колективен договор на Министерството за внатрешни работи и без да се почитува систем на кариера во МВР, бидејќи не се дозволени повеќе решенија за еден службеник во тековната година, а такви има многу.
Притоа, не се поштедуваат дури ни бремените жени, ниту пак самохраните мајки вработени во полицијата. Ова, што се случува сега, никогаш не се случувало, ваков реваншизам во редовите на вработените во МВР не се памети. На сето ова молчи и полицискиот синдикат, поточно двајцата членови во комисијата кои не се грижат за заштита на работничките права при ваквата неправилна прераспределба . Доколку ваквата прераспределба е согласно законот, прашуваме зошто законот за едни важи а за други не, зошто истото се прави по етничка основа, односно се прераспределуваат само Македонци ? За овие постапки и одлуки бараме образложение и одговор од одговорните, од министерот Оливер Спасовски и неговите продолжени раце во Тетово, истакна Карапетров на прес-конференцијата.