Центарот за политички истражувања и комуникации спроведе анкета за изборот на градоначалник на Тетово. Анкетата покажува дека кандидатот за градоначалник за Општина Тетово од редовите на Движење Беса Биљал Касами води пред актуелната градоначалничката на Тетово Теута Арифи, инаку кандидатка за трет мандат од редовите на ДУИ.
За Касами би гласале 38,46 % од вкупниот број анкетирани, а за Арифи 36,75 %, односно од вкупниот број испитаници на 31 октомври во вториот круг од локалните избори за Касами би гласале 135 лица додека за Арифи 129 гласачи
Анкетата е спроведена на 351 испитаник, при што маргината на грешка на анкетата е од 2,5 до 3 %