Аријанит Џафери од невладината организација Еко Герила преку својот Фејсбук профил ја обвини за неодговорност градоначалничката Теута Арифи и напиша дека таа го предводела Кризниот штаб, но се уште треба да биде во изолација.
-Луѓето кои се позитивни Ковид-19 треба да останат во изолација најмалку 10 дена, но дури и подолго во зависност од симптомите што ги имаат. Денес е 10 -тиот од изолација за Теута Арифи (тестирана на 13 август, потврдена на 14 август) и таа требаше да биде дома, но со целосна неодговорност, таа денеска (23.08) го предводеше состанокот на Кризниот штаб со физичко присуство во објектот на Општина Тетово. Здравствен Инспекторат? Полиција? Дали некој ги контролира силните во градот, или правилата и казните важат само за слабите?! Што е со (не) одговорноста на градоначалничка каде започнува и каде завршува?!?, напиша Аријанит Џафери.