• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Артан Груби: Целата Влада ја поддржува Теута, бидејќи таа му доликува на Тетово

27/08/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Голем број министри од ДУИ дојдоа на почетокот на градежните работи за булеварот Благоја Тоска -вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби придружуван од министрите Насер Нуредини, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, замениците министри Илир Хасани и Беким Реџепи во поддршка на градоначалничката Теута Арифи.

-Исклучително сум среќен што денеска сум во Тетово и им честитам на тетовци за започнувањето на овој значаен проект за кој градоначалничката Теута Арифи секој ден инсистираше да се реализира, а со поддршка на Владата во соработка со општината веќе го гледаме почетокот на работите. Нашето владино присуство овде денес, има за цел да ги информира не само жителите на Тетово, туку и сите жители на овој регион дека Владата постојано се грижи за секоја наша населба и стои зад сите проекти на градоначалниците на нашите општини“, рече првиот вицепремиер Груби.

Понатаму, Груби нагласи дека целата владина поддршка ќе биде во реализација на проектите кои се започнати во општина Тетово но не запирајќи со тоа.

-Истовремено, како што реков вчера во Скопје, сакам да потенцирам овде денес, дека јас и сите мои колеги министри и други функционери од сите  ешалони стоиме зад Теута Арифи и општина Тетово кон реализација на сите проекти предвидени во програмата на г-ѓа Арифи затоа што без сомнение таа е челична дама која го предводи Тетово во промената што се случува во неговата историја во овие изминати 8 години, но јас не сакам да застанеме тука туку да продолжиме понатаму, во оваа цел има апсолутна поддршка од сите од нас без никакво двоумење и најголем доказ е продолжувањето на овој проект и од денес почесто ќе не гледате во Тетово бидејќи Тетово ќе стане градежно поле од сите страни во однос на реализација на проектите. Дама како Теута застанува на чело во битката на тетовци со „Ковид“ отварајќи нови центри за вакцинација, обезбедувајќи вакцини, борејќи се за учениците во училиштата и тоа е токму она што му треба на Тетово. Тетово има потреба од Теута Арифи затоа што таа му доликува на Тетово-,нагласи Груби при посетата на Тетово.

 

Поврзани објави

Вести

Почина 23 годишната девојка од Сараќино која како пешак тешко беше повредена на 15 август во Тетово

19/08/2022
Вести

Пешак на 80 години тешко повреден на улица во Тетово

19/08/2022
Вести

Приведен 60 годишник од Седларево за пукање на свадба

19/08/2022
Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Следна објава

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица во Лешочкиот манастир

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.