• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Теми и интервјуа

Бањиче-добри и лоши страни

Пешачката патека долж реката Пена и патот од Тетово до месноста Бањиче е можноста тетовци за кратко време да бидат надвор од градот во шумски предел во прекрасен природен амбиент и да побегнат од сообраќајниот метеж, загадениот воздух и висoките температури.

21/07/2019
во Актуелно, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пешачката патека долж реката Пена и патот од Тетово до месноста Бањиче е можноста тетовци за
кратко време да бидат надвор од градот во шумски предел во прекрасен природен амбиент и да
побегнат од сообраќајниот метеж, загадениот воздух и висoките температури. Дел од луѓето
пешачат или трчаат, се возат и велосипеди, а главната желба е да се достигне релаксација и
опуштање во доцнните попладневни часови како одмор од топлината пред се на лето.

„Генерално може да се земе во предвид дека луѓето ја користат рекреативната патека, спортуваат
трчаат и слично. Како концепт, од Тетово е максимум што може да се извади. Ова е единствено
место каде што колку толку покрај реката воздухот е пријатен чист, има ветер, па малку е подобро
за дишење“, вели Игор кој редовно пешачи кон Бањиче.

Пешачењето би било уште подобро кога би имало помалку автомобили, велат тетовци.

„Очигледно се користи за населените места, возила си одат дома, се враќаат и итн во делот погоре
каде што има куќи. Така да не може да се каже дека е стриктно рекреативно, издувни гасови од
колите…. Дали некое решение би било на пример да се огради со некоја рампа како што е слично
на Водно на пример во одредени часови од денот да биде за рекреација, а во одредени часови од
денот да е дозволен сообраќај можеби е некој вид решение“, рече Игор.

Од 2015 година кога имаше невреме редовно се случува ерозии, па често паѓаат земја и камења
долж патот и патеката. На неколку места беа изградени потпорни ѕидови кои по кратко попуштија
па претставуваат опасност доколку целосно паднат врз патот. Во коритото на реката по поплавите,
покрај многу смет има и остатоци од бетон, дрвја. Фрлените отпадоци како и во градот и тука се
главна одлика на несовесноста на поединци.

Од општина Тетово велат дека е аплицирале до Бирото за регионален развој со цел да се уреди
патот согласно долготрајно решение.

-За санација, обезбедување и спречување  од панатамошни одрони на патот кон месноста Бањиче
е изготвен проект во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање,
но со оглед на тоа дека потпорните ѕидови бараат големи финансиски средства за нивна изградба
во процес сме на изнаоѓање на финансиски средства за таа намена. Во тој процес влегува и
аплицирањето со проект до Бирото за регионален развој за кој се надеваме дека ќе биде
одобрен, а потоа и спроведен на терен, изјави Снежана Новаковска од Канцеларијата за
комуникации и односи со јавност при општина Тетово.

Пешачката патека е долга речиси два километри. На неколку места во месноста постојат извори со
природна минерална вода за која тетовци веруваат дека има лековите својства.

Александар Самарџиев за Радио Слободна Европа

Тагови: Бањичеерозиипешачењерекреација

Поврзани објави

Актуелно

Како лесно да го средите дворот во 3 чекори

21/06/2022
Теми и интервјуа

За реставрација на фрескоживописите во црквите нема доволно конзерватори за ѕидно сликарство

19/06/2022
Вести

Дека не запира трендот на иселување од државата покажуваат и најновите бројки од уписите во училиштата

18/06/2022
СВР полиција сообраќајна снимање
Актуелно

СВР Тетово во мај за пребрзо возење изрече 457 мерки

07/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари се соочија со оштетување на опремата и возилата гаснејќи го пожарот во поранешниот тутунски комбинат „Македонија табак“

07/06/2022
Актуелно

Полицајци одржаа предавања за сообраќај на ученици од ОУ „Лирија“

06/06/2022
Следна објава

Одбележани 18 години од загинувањето на Ѓоко Лазаревски во Лешок

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.