• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 27 јануари 2021
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Slide
Home Теми и интервјуа

Без стратегија и компетенција за менаџирање на ски центарот и еден метар паднат снег не е доволен

11/12/2020
во Теми и интервјуа
0
SHARES
790
VIEWS
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Откако деновиве наврнаа поголеми количини снег и се создаде значителна покривка на Попова Шапка скијачките клубови ја потенцираат потребата што поскоро надлежните да ја искористат приликата и да започне скијачката сезона за да не се повтори минатата сезона која помина речиси без ниту еден ден за скијање. Скијачките клубови постојано предупредуваат дека без ски сезона во опасност се доведува спортот но и сите останати економски и развојни сегменти како хотелиерството, инфраструктурата и слично.

-Бројот на ски денови е клучен за успешноста на сезоната така да не е сеедно дали ски центарот ќе започне на почетокот на декември или еден месец подоцна. Јахорина оваа сезона ја започна на 29 ноември, Копаоник на 3 декември и беа први во регионов па и пошироко, при снежни врнежи не поголеми од 10 см. Како тоа го постигнуваат во релативно исти снежни падавини? Зошто Шапка со 70 см снежни врнежи не може да ја отвори ски сезоната. Затоа што со отстуство на стратегија и компетенција за менаџирање на ски центарот и еден метар паднат снег не е доволен, анализира ЖаркоТрпковски, претседател на скијачкиот клуб „Љуботен“ од Тетово.

 

 

 

 

 

 

 

Трпковски образложува дека за одржлив развој на ски центарот Шапка недостасува визија од државата и уште повеќе, менаџмент со стратегија и компетенции кој ќе овозможи избалансиран развој на сите сегменти на ски центарот.

-Недозволиво е да се прави шестоседа а патеките не само што не се „испеглани“ туку се и руинирани при поставување на столбовите за жичарата, па се чека да падне 1 до 2 метри снег да ги покрие сите јаруги и камења на патеките, а башка немате ни топови за вештачки снег. Понатаму, додека ратраците почнат да го табаат снегот во работно време од 9 -15 часот (секаде ратраците работат ноќе и додека паѓа снегот) ќе дувне ветер и ќе го оддува снегот. Го реновирате патот до Шапка а немате паркинг. Со години нема урбанистички план за населенето подрачје (врие од дивоградби), а камоли за ски центарот во целина, кој би го вклучил на прво место Јелак, на кој со извонредните падини и северната ориентација не би имало потреба дури ни од вештачки снег од ноември до мај, објаснува Трпковски.

Тетовскиот спортски работник потенцира дека наместо размислување што да се прави со Попова Шапка со оглед на најавите за продажба или јавно приватно партнерство да се согледаат примерите на Копаоник и Јахорина. Според Трпковски тие во последниве неколку години под државно раководство станаа водечки ски центри во регионов, при тоа престигнувајќи ги дури и ски центрите  од Словенија.

-Сите патеки им се одлично израмнети и покриени со трева, што овозможува да се скија веќе на 10 см снег. Најголем дел од патеките се покриени со систем за вештачки снег, така да со првите временски услови во половината на Ноември се генерира вештачки снег.  Жичарите и ски лифтовите се добро осмислени и поставени во систем кој овозможува оптимално скијање низ ски патеките. Располагаат со доволен број на табачи на снег – т.н. ратраци  (Копаоник има 12 табачи) кои започнуваат со подготовка на патеките штом има 35-40 см снег кој се набива на 10-15 см. Познато е дека природните предиспозиции на Шапка се од светско ниво како во поглед на конфигурација на терените, со извонредни патеки кои од 2500 мнв се спуштаат надолу, што е докажано во минатото кога Шапка беше водечки ски центар во регионот.  Последниве 30-40 години сме сведоци на стагнација и девастирање на Шапка, па дури и при инвестиции од десетици милиони евра во последниве години, со пропаднатиот обид за изградба на инсталација за вештачки снег и проблематичната супермодерната шестоседа жичара која и после 6 години уште не може да се стави во функција, потенцираТрпковски.

Иако деновиве наврнаа поголеми количини снег нема информации од ски-центарот Попова Шапка околу процедурите и плановите за тоа дали набргу ќе започне скијањето и плановите околу реализирање на ски-сезона. Надлежното државното акционерско друштво и подружницата Попова Шапка немаат одговор на упатените прашања дали се извршени подготвителни работи околу ски-лифтовите и уредување на скијачките патеки.

А.С

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Ќе ја искористи ли годинава максимално Попова Шапка масовната посетеност 

09/01/2021
Теми и интервјуа

Песните како начин на откривање на судбините на тетовчани во минатите векови

27/12/2020
Теми и интервјуа

Поради коронавирусот потребна е дезинфекцијата на јавните простори, но постои и ризик од хемиските материи

26/12/2020
Теми и интервјуа

Страдањата од бугарска фашистичка окупација во Тетовско опишани во неколку книги

06/12/2020
Теми и интервјуа

Еден километар градска улица налик на земјен пат

02/11/2020
Теми и интервјуа

Петнаесетгодишниот Александар го искачи Титов врв иако се соочува со цистична фиброза

24/10/2020
Следна објава
МВР

Во Жеровјане затворен локал и приведени поради непочитување на мерките за справување со коронавирус и пронајдена дрога 

Tetovo, Macedonia
среда, јануари 27, 2021
Cloudy
-3 ° c
71%
1.24mh
-%
-1 c -11 c
сре
5 c -9 c
чет
6 c 0 c
пет
4 c -2 c
саб

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Искуство на Мелиса Ценоска – Го победи Ковид 19 дома и не дозволи да се пренесе на семејството

    1978 shares
    Share 1978 Tweet 0
  • На 52 години вчера почина Горан Чавдаровски, истакнат спортски работник во атлетика

    1689 shares
    Share 1689 Tweet 0
  • Министерот Наќе Чулев во Тетово изврши увид како се врши контролата при полицискиот час

    426 shares
    Share 426 Tweet 0
  • Од мака поради руинираната улица, наместо општината, на Поток 68 годишниот Каме сам ги пополни дупките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листа со маркети и аптеки кои ќе работат во сабота и недела

    394 shares
    Share 394 Tweet 0
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!