• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 18 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result





Home Инфо компас

Бензинот поскапува за два денари, дизел горивото за 3,50 денари

03/08/2021
во Инфо компас
бензин горива нафта
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 % во однос на Одлуката од 26.7.2021 година.

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 5,549%, дизелот за 4,440%, екстра лесното масло за 4,392% и кај мазутот зголемувањето е за 4,346%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,29%.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, како и зголемениот износ на акцизата за дизелот согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,36%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,101 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,981 ден/кг. Од  4.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин-ЕУРОСУПЕР БС – 95                            73,00   (денари/литар)
Моторен бензин-ЕУРОСУПЕР БС -98                             75,00   (денари/литар)
Дизел гориво       ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      63,50   (денари/литар)
Масло за горење                   Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)      63,50   (денари/литар)
Мазут М-1 НС                                                           37,981  (денари/килограм)

Поврзани објави

Вести

На 14 август почина Анче Бојаџиева Герасимовска, еден од најистакнатите педагози во седумдецениското постоење на музичкото училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ во Тетово

16/08/2022
Актуелно

Како лесно да го средите дворот во 3 чекори

13/08/2022
Вести

Проекција на филмот „Златна петорка“ во Музејот на тетовски крај на Два бреста

12/08/2022
Вести

Вечерва од 20 часот Ламбе Алабаковски со настап во Жена парк во Тетово

10/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

Промоција на Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

06/08/2022
Следна објава

Од денес ФК Тетекс на подготовки во Охрид

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.