Центарот за бесплатна правна помош при Здружението „Женски Форум“ од Тетово преку проектни активности започна со нова бесплатна услуга за жените жртви на насилство во вид на психосоцијална помош.
-Овој вид на помош подразбира психолошки проценки, психолошки советувања и психотерапија за жените жртви на насилство. Центарот нуди строга доверливостсна информациите поврзани со корисничките на услугите, безбедна и родово сензитивна атмосфера и стручни лица во тимот со правен советник и психолог, информираат од “Женски Форум.“
Дел од бесплатната правна помош која Центарот за бесплатна помош ја нуди на жени жртви од насилство се правни совети, составување на писмени поднесоци, застапување пред суд, и упатувања до соодветени државни институции.
Новата услуга е овозможена во рамки на проектот „Бесплатна правна и психосоцијална помош за жените од Полошкиот регион“
А.С