Денеска преседателот на Движењето Беса, истовремено и кандидат за градоначалник на Тетово Билал Касами ја посети градската населба Теќе.
Тој пред големиот број граѓани од оваа населба вети дека за време на неговиот мандат, покрај другите заложби и прашања што ја засегаат општината, ќе се посвети и на културно-уметничкиот живот во градот
– Во соработка со релевантни институции и странски донатори, теќето Арабати Баба ќе се ревитализира. Целта е да се збогати градот со културни и уметнички вредности. Арабати Баба Теќе ќе стане туристичка и културна атракција за странски и домашни посетители и ќе ја зголеми економската благосостојба на граѓаните од овој крај. Ова ќе биде реалност само со Движењето Беса, истакна Билал Касами.
Кандидатот за градоначалник Касами рече и дека зачувувањето на културно-историското надледство ќе биде меѓу приоритерите во работењето.
ас