• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Билал Касами и Арјанит Хоџа : Започнува ревитализацијата на каналот за наводнување Радиовце – Џепчиште

29/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Кандидатот за градоначалник од Движење Беса, Билал Касами и Аријанит Хоџа при посетата на каналот за наводнување Радиовце – Џепчиште ја најавија ревитализацијата на овој важен инфраструктурен сегмент за тетовските земјоделци.

-Каналот е долг 17 километри, речиси 20 години овој канал никогаш не бил исчистен. Во август 2018 година, беше поставен камен -темелник за изградба на новиот систем за наводнување Речица -Равен, кој вклучува дел од Полошката котлина од автопатот Скопје – Тетово – Гостивар. По изградбата, се планира наводнување на 3250 хектари земјоделско земјиште што лежи во регионот на Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово, рече Билал Касами.

Министерот Хоџа рече дека како и што беше ветено, започнавме со ревитализацијата, односно чистење на овој канал, надминати се сите бирократски пречки, заклучувајќи дека Движењето Беса и тој лично ќе бидат дополнително посветени на подобрување на условите за земјоделците во овој регион.

Пратеникот од овој крај,  лидер на Движењето Беса и истовремено кандидатот за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами на почетокот им се заблагодари на министерот и раководителот на подрачната единица на Министерството во Тетово за посветеноста и неуморната работа за реализација на овој проект додавајќи дека и покрај тоа што беа заборавени од претходните власти, и на централно и на локално ниво, Движењето Беса е посветено и ќе продолжи да се залага за олеснување на животот на сите граѓани во овие населени места.

Требаше да помине 3 години за да започне со работа на овој канал кој е многу неопходен за жителите, а тоа благодарение на на министерот Арјанит Хоџа, потенцираа од Движењето Беса.

Вкупната вредност за изградба на новиот систем за наводнување е речиси 15 милиони евра. 

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Билал Касами заедно со младината го одбележа Светскиот ден на срцето

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!