Претседателот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами, денеска се сретна со членовите на тетовското здружение на пензионери. Тој истакна дека е важно да се има посебна почит кон нив, велејќи им дека неговата грижа за оваа категорија граѓани ќе биде на прво место, бидејќи грижата за нив е како грижата за родителите.
-Тие не научија дека грижата за родителите е обврска. Грижата за пензионерите значи грижа за нашите родители. Тие заслужуваат многу повеќе од она што некогаш го правеа за нас!”, рече Касами.
Движењето Беса е политички субјект кој првенствено има семејство, што значи дека има посебна грижа и почит кон постарите лица, каде гравитираат и пензионерите, потенцираат од партијата.