• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Билал Касами : Некои проблеми во Тетово беа решени и со проектите на нашиот градоначалник од Желино кој сигурно ќе добие и втор мандат

14/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Движењето Беса го одржа својот централен митинг во Општина Желино, каде што ја претстави својата програма за локалните избори.

Бујар Бафтјари, носител на листата за општински советници пред присутните рече дека и во новиот мандат со Општина Желино ќе раководи Движењето Беса, и со функцијата градоначалник и со советот на општината, а овој политикчки субјект ќе се посвети да се продолжи со патот кон постигнување одлични резултати и кон една европска општина.

Генералниот секретар на Движењето Беса и Шеф на изборинот штаб на Движењето Беса, Арјанит Хоџа во својот говор рече дека противниците сега треба да ја прифатат реалностата дека Беса уште еднаш ќе раководи со Општина Желино, додавајќи дека политичките противници не сакаат да ја придобијат општината за да работат, туку само да ги лекуват комплексите и нивните негодувања.

Актуелниот градоначалник на Општина Желино и кандидат на Движењето Беса за градоначалник на Општина Желино, Блерим Сејдиу на почетокот од својот говор пред присутните зборуваше за постигнувањата на Општина Желино во неговиот прв мандат како градоначалник, за да продолжи со презентација на програмата и за вториот мандат.

Тој понатаму додаде дека на овие избори Движењето Беса ќе биде победник во сите општини каде што има кандидат, особено во ОпштинаТетово.

Лидерот на Движењето Беса и  кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами рече дека Движењето Беса не е на власт за да ги заплаши политичките противници.

„Ние не сме на власт да ги заплашиме нашите политички противници. Јас сум тука, а и вие сте тука, денеска носиме кошули затоа што ние не пукаме со оружје, безбедни сме, но на нашите противници им покажамве како Блерим Сејдиу ги исполнил и ги реализирал своите ветувања.Имаме подготвени кандидати од сите други партии. Теута Арифи дури и  се пофали и се фотографираше со делата на Блерим Сејдиу“, рече Касами.

Тој изрази уверување дека со поддршка на граѓаните и нивната доверба, Сејдиу добива уште еден мандат.

„Тука сме да побараме поддршка за Блерим и за Тетово. Некои проблеми во Тетово беа решени и со проектите на нашите градоначалници“, изјави Касами кој додаде дека е време да се отстрани политичкиот отпад, како и другиот отпадоци што ги остави ДУИ.

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Вулнет Мурсели : Ќе отвориме Центар за млади и заедницата во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!