Претседателот на Движењето Беса и кандидатот за градоначалник на Тетово, Билал Касами, во понеделникот вечер ја претстави својата програма за четиригодишното управување на Општина Тетово пред жителите на село Шипковица.
-За шарпланиските села имаме посебен проект, преку кој ќе го развиваме планинскиот туризам, бидејќи оваа област има доволно ресурси и потенцијал да се развие и да стане една од најголемите туристички области во регионот. Имаме јасна визија и стратегија како да го трансформира Тетово во европска и модерна средина, секогаш зачувувајќи ја традицијата, културата и историското минато, бидејќи тие се неразделна вредност на Тетово, рече Билал Касами.
Програмата на Касами која се темели на 16 приоритети е насочена кон тоа општина Тетово да биде заеднички дом за сите, обезбедувајќи квалитетни услуги, безбедна средина, здрава образовна инфраструктура за секој жител.