• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Актуелно

Билал Касами – Тетово е мојот дом и ќе се борам до последен здив

15/10/2021
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Последниот митинг во предизборната кампања Движење Беса го имаше вечерва во Тетово.  Претседателот на партијата и воедно кандидат за градоначалник на Тетово Билал Касами посочи дека Движење Беса има проекти и планови за сите проблеми со кои се соочува градот, како и за сите други општини каде имаат кандидирано градоначалници.

-Ние тука живееме, тука ги растеме нашите деца. Тука ја градиме иднината, ние сме тука не сме гости во нашите куќи, Тетово е мојата куќа, и ќе се грижиме до последната крв, до последниот здив, за иднината на нашите деца, нашата победа ќе биде во коалиција со граѓаните, нашата победа ќе биде победа на сите чесни луѓе, победа на Тетово. Промените во Тетово ќе се почувствуваат во првите шест месеци. Ние нудиме транспарентни општини и градоначалници кои ќе даваат сметка пред граѓаните, за секој реализиран проект. Сите средства ви гарантираме дека ќе бидат обезбедени од буџетите на општините, нудиме изработка на проекти, за локален економски развој, нудиме бизнис планови и проекти за инвестиции, другите не знаат што ние зборуваме. Инвестиции што ќе доаѓаат од печалбарите, додека ние планираме другите не критикуваат, истакна Билал Касами.

 

Бесар Дурмиши, носител на листата на Движење Беса за Општина Тетово оцени дека лидерот Касами за два дена ќе сигурно ќе биде нов градоначалник.

 -Kражбата на победата од 2017 година не ги демотивираше активистите Билал Касами за два дена сигурно ќе биде нов градоначалник на Тетово и ќе го заврши периодот кога општината служеше на забава во општина која ќе им служи на граѓаните. Ние сме во коалиција со граѓанинот. Во овие преостанати два дена никој не смее да се сомнева во нашата победа, истакна Дурмиши.

Генералниот секретар на Движењето Беса Aрианит Хоџа на завршниот митинг оцени дека нивните кандидати ги добија сите дебати и дека на 17 октомври партијата ќе ја добие битката.

-Движењето Беса е зајакнато во време кога сите очекуваа дека нема да постои. Нашите противници нудат мегаломански ветувања и големи суми пари. Вие браќа и сестри, земете ги парите и не гласајте за нив, бидејќи тоа се вашите пари што ви се украдени и не гласајте за нив. Така ќе ги казните двапати. И на крајот, нивниот крај ќе биде вашиот глас за Движењето Беса “, рече Хоџа.

На собирот се обратија Аднан Азизи, организациски секретар и шефот на изборниот штаб Седат Сулејмани. Движење Беса има кандидати за градоначалници во десет општини и 23 листи со кандидати за советници. 

ас 

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Вулнет Мурсели: Не можеме да дозволиме Тетово и понатаму да се уништува, ќе победиме затоа што имаме решенија на проблемите

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.