• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Биљал Касами за најавите дека ДУИ ќе слават 20 години во Тетово – Со долгот што ни го оставија најмалку имаат образ да дојдат во Тетово за прослава

03/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Биљал Касами, градоначалникот на Тетово и лидер на Движење Беса го критикуваше одржувањето на прослава со концерти по повод 20 години од постоењето на ДУИ. Тој на владејачката партија и порача дека наместо да троши пари за славење, како дел од извршната власт да најдат начин да им помогнат на тетовци кои се погодени од поплавите.

-Мислам дека со тој долг што ни оставија како мираз и со сите овие проблеми најмалку имаат образ да дојдат во Тетово да слават во ситуација кога Владата каде што ДУИ се покажуваат како главен фактор на оваа Влада, наместо да трошат пари за вакви прослави требаше да ги информираат граѓаните на Тетово како ќе им излезат во пресрет со оштета и покривање на таа штета која беше направена во поплавите, рече Касами на новинарско прашање по одржување на состанок на кризниот штаб.

Тој сепак се надева дека ДУИ имаат време да ја сменат одлуката.

-Во ситуација кога не не инфомираат дали ќе ни помогнат во делот на справување со оваа криза доаѓаат да слават во Тетово, јас реков во друга прилика, во најмала рака ние тоа го цениме како провокација. Тие се посебна партија и самите одлучуваат за нели своите постапки. Останувам на тоа дека ќе се опаметат и со тие пари кои ги имаат определено порано за таа слава ќе ги преориентираат за оштета на се што им се случи на тетовчани, истакна Касами.

ДУИ вечерва и утре со концерти во Скопје и Тетово ќе слави 20 години од постоењето како политичка партија. 

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Притвор од 30 денови за жител на Желино приведен поради сообраќајка во која загина пешак

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.