• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Градоначалникот Биљал Касами најави можни нови избори за Совет на Општина Тетово

28/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами денес истакна дека се можни вонредни избори за Совет на Општина Тетово откако на вчерашната седница не помина општинската завршна сметка за 2021 година. Вчера седницата не започна откако немаше мнозинство од 16 советници за носење на одлуки.

-Како резултат на однесувањето на некои од советниците, согласно законот, не е усвоена завршната сметка, што е еден од условите да се оди на нови избори, за советот на општина Тетово. Се бараше на седница на совет завршната сметка на Општина Тетово да се врати да се докомплетира, што нема основ, тоа е завршна сметка согласно законот и процедурите кои се создадени од Министерството за финансии. Кога се прави политика од се и сешто доаѓаме до вакви ситуации, истакна Касами.

Тој рече дека ги денес ги информирале соодветните министерства.

-Министерството во рок од една недела треба да ја информира Владата, Владата од во рок од еден месец, да донесе одлука за распуштање на Советот, изјави Касами од тетовската пожарна каде им додели решенија за повисоки плати на пожарникарите.

На новинарско прашање дали е можно да се избегне оваа ситуација, Касами рече дека не е правник и дека тоа е вон неговите одговорности.

-Не сум надлежен да коментирам, законот е јасен. Ако не се носи завршна сметка се исполнети условите Советот да оди на реизбор но за тоа одлука и коментар даваат други институции. По сила на закон треба да се распушти Советот, рече Касами.

Хамди Сулејмани еден од советниците на „Подобро за Тетово“ кои вчера гласаа спротивно на мнозинството рече дека за ситуацијата придонел градоначалникот и Движење Беса.

-Тој тоа го сака. Неговите луѓе не го гласаа буџетот и завршната сметка а тоа убаво се гледа од видеата снимени од деветата седница на Советот. Најверојатно сака да одрстани некои од нив што му пречат, како што му пречиме и ние од опозицијата, но мислиме дека тој со ова многу ќе изгуби“, вели Хамди Сулејмани од Движењето „Подобро за Тетово“. Во мнозинството досега покрај Движење Беса, ВМРО ДПМНЕ, Алијанса за Албанците беа и двата советниците од „Подобро за Тетово“.

ас

Поврзани објави

Вести

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

28/06/2022
Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Следна објава

Одбор на бранители побара да државата да ги штити спомен обележјата за бранителите 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.