• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Биљал Касами поднесе кривична пријава за поранешната градоначалничка поради предмет за експропријација

05/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на денешната прес-конференција објави дека општината поднела кривична пријава против поранешната градоначалничка за еден предмет на експропријација. Тој обвини дека поради овој предмет општинскиот буџет е оштетен за над еден милион евра.

-Вредноста на експропријацијата била 3 милиони денари, сега каматата за оваа сума е 65 милиони денари. Инаку, овој случај датира од 80-тите години, а повторно бил активиран во 2015 година, за кој сите судски одлуки се позитивни . Се сомневаме дека претходното раководство намерно не го обжалило решението, за кое денеска општина Тетово плаќа камата и со тоа не само што се оштетува буџетот на општината, туку и на граѓаните. Ние како општина поднесовме кривична пријава против поранешната градоначалничка и нејзин близок функционер, против судија и адвокат, поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања и положби, со што е оштетен буџетот на општина Тетово во износ од 68 милиони денари. За овој случај, од добивањето на мандатот само за камати плативме над 29 милиони денари или приближно половина милион евра. Вредноста на овој предмет, кој се однесува на имот чија експропријација била извршена многу порано , била околу 40 илјади евра, изјави Биљал Касами

Тој тврди дека поранешното раководство не реагирало навреме.

-Не поднеле никаков приговор или договор со странката за да не го оштетат буџетот на општина Тетово, со единствена цел, да ги искористат евентуалните пазарења што можеле да се направат со странката. Ние не сакаме да се претставуваме како жртва , ниту се обидуваме да шпекулираме за многуте пропусти и законски прекршувања направени во времето на претходните локални власти, туку само сакаме да ги откриеме фактите и аргументите. Се обидуваме да им објасниме на граѓаните каде завршиле нивните пари и зошто општината е во огромни долгови. Граѓаните имаат право да знаат зошто е блокирана сметката на Општина Тетово, а со тоа се кочи нормалното функционирање на локалната власт, истакна Биљал Касами.

Тој рече дека со сопственикот имале неколку средби кои завршиле неуспешно околу можно договарање за исплата на експропријацијата, без исплата на камата.

ас 

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Следна објава

Советникот Димитриевски побара инспекциски надзор за Општина Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.