• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Биљал Касами прогласи за почесен граѓанин на Тетово брат на еден од основачите на УЧК

22/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На свечена седница во салата на Општина Тетово градоначалникот Билал Касами го прогласи за почесен граѓанин на Тетово Рифат Јашари, братот на Адем Јашари, еден од основачите на УЧК на Косово. Градоначалникот Касами рече дека ова било по барање на голем број граѓани од Тетово од албанска етничка заедница поради нивните многу блиски врски со Косово.

-За нас како граѓани на Општина Тетово ова е значаен ден затоа што му оддаваме признание на еден член на едно семејство кое жртвуваше сé за ослободување на Косово од диктатурата на Слободан Милошевиќ. Поголемиот дел од граѓаните од албанска етничка припадност многу се поврзани со граѓаните од Косово и во периодот 1999 и во 2001 година ние како општинска власт ценевме дека треба да донесеме ваква одлука со која цениме дека придонесуваме во правец на промовирање на правата и слободите на сите граѓани во светот. Граѓаните од Тетово од албанска етничка припадност се почестени со овој настан, изјави градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.

Одлуката за доделување на почесен граѓанин на Тетово на Рифат Јашари ја донел градоначалникот Касами и, како што вели тоа било во негова надлежност во овој период кога Советот на Општина Тетово е распуштен и наскоро се очекуваат нови избори.

-Ова е едена од надлежностите која преминува на мене како градоначалник од моментот кога се распушта Советот на Општината. Ова не е пропис кој е во сила на некоја уредба, ова е индивидуален акт кој според Законот за локална самоуправа преминува во надлежност на градоначалникот, појаснува Касами.

Одлуката за прогласување за почесен граѓанин на Тетово во име на семејството Јашари ја прими  Љуљзим Јашари, внук на Рифат Јашари и син на Адем Јашари.

Иако денес не е никаков државен празник, поради овој настан градскиот плоштад и повеќе улици во Тетово беа закитени со голем број само албански знамиња што предизвика виден револт кај останатото неалбанско население во градот.

-За Тетово ова е празник кога се однесува за албанската етничка заедница и ценевме дека треба да биде истакнато само знамето на албанската заедница. Не е државен празник па согласно Законот да се истакне и државното знаме“, рече Касами.

На ваквата одлука на градоначалникот Касами со соопштение реагираа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и побараа од надлежните доследно почитување на Законот за употреба на знамињата на заедниците во државата.

-Денес во Тетово, сведоци сме на сериозно непочитување и нарушување на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Македонија. Бараме Владата на Република Македонија веднаш преку МВР да обезбеди доследно почитување и примена на Законот за употреба на знамињата на заедниците. Да обезбеди веднаш да се истакне и Знамето на Република Македонија, заедно со другите знамиња во согласност со закон“, се вели во соопштението од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово.

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Во Желино поради залутан куршум повреден 40 годишник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.