• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Биљал Касами ја презеде функцијата градоначалник на Тетово

04/11/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Општина Тетово денес беше извршено примопредавање на градоначалничлата функција од досегашната градоначалничка Теута Арифи кон новоизбраниот Биљал Касами.  Арифи го пречека Касами, заеднички го потпишаа и документот за примопредавање на функцијата и се ракуваа.

-Како што налагаат демократските принципи и волјата на граѓаните направивме примопредавање на должноста градоначалник. На новоизбраниот градоначалник му посакувам успех во неговата работа. Благодарност до мојата администрација и целата админситрацијата и медиумите за покривањето на настаните. Водењето на еден град е голем предизвик се надевам дека со тој предизвик ќе може да се работи успешно за доброто на граѓаните, изјави Теута Арифи.

Новиот тетовски градоначалник по добивањето на уверението од општинската изборна комисија и средбата со Теута Арифи почна да го користи и градоначалничкиот кабинет.

-Со нашата победа се врати надеж за достоинствен живот во Тетово градот на историјата, културата и знаењето и традицијата.  Свесни сме дека од денес мене и мојот тим ме чека многу тешка и напорна работа но со професионалниот и моралниот капацитет што го имаме без трошка сомнеж ќе успееме. Од овој момент ќе започне скенирање на актуелните состојби во општина Тетово и веднаш согласно законските одредби ќе ангажираме специјалисти надвор од институцијата за целосна ревизија. Граѓаните и надлежните институции треба да знаат како и каде се трошат нивните пари. Граѓаните на Тетово мора да знаат точно колкав долг има нивната општина и како е создаден. Транспарентноста почнува од тука. Кој злоупотребил јавни средства ќе одговара. Веднаш ќе почнеме да ја скенираме работата на јавните претријатија и може да поставуваме нови раководни лица на овие претријатија. Денес сакам да ја потврдам заложбата што ја дадов во кампањата, дека членовите на администрацијата кои професионално си вршат работата не само што ќе ја имаат мојата целосна поддршка туку ќе се заложам за нивно унапредување за да го добијат местото што го заслужуваат. Сите останатите кои никогаш не се појавиле на работните места и земале плати ќе ги повикувам сами да се повлечат и да се одјават од нивните работни места. Се надевам до крајот на неделата дека ќе имаме стодневен акционен план кој ќе го обајвиме во јавноста. Од утре сме на терен и ќе реализираме ветено во кампањата, изјави Биљал Касами.

Теута Арифи на новинарско прашање дали има планови во политиката, рече дека и е важно да го заврши процесот за градот Тетово и дека не е зависник од политички функции.

ас 

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Ново избраните советниците за Општина Тетово добија уверенија, мнозинството во Советот се уште неизвесно

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.