• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 16 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Бојкот на настава и протест на средношколци-бараат доследно спроведување на мерките за заштита од коронавирус

05/11/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Учениците од настава по македонски јазик во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ и економско училиште „8-ми Септември“ во Тетово денес ја бојкотирата наставата и одржаа предупредувачки протест барајќи училиштата и општината како институции доследно да ги спроведуваат и почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.  Тие бараат повеќе дезинфекција во училишните објекти и превоз на ученици според протоколите.

-Денешниот протест е за проблемите со превозот што го имаат, пример во еден автобус ако собира 40 деца, со протоколи треба да има само 20. Но автобусите се преполни и преку 200 деца. Им паѓаат и колабират и се шири потенцијална опасност од ширење на коронавирусот. Второ барање овие месец-два колку е пикот да има онлајн наствва. Па кога ќе има услови за физичко присуство да одат на школо. Ние сме за физичко присуство но ако нема услови да нема терање инает. Од понедленик ќе одат на училиште, но ако  наредна недела не се реши барем еден проблем следен понеделник ќе има пак протест, изјави на протестот пред гимназијата Синиша Стефановски, претставник на родителите.

На протестот кој беше организиран пред гимназијата за настава по македонски јазик дојдоа и ученици од средното економско училиште, каде учела и 16 годишната средношколка од Сиричино која почина поради Ковид-19. Тие исто така бараат регулирање на превозот и зголемување на средствата за хигиена.

-Се надминува капацитетот во возилата за превоз и учениците се во опасност.  А се случи почина средношколка од втора година. Сакаме со овој протест да ја спречиме потенцијалната опасност што се шири околу нас. Ова барање го дадовме до Општина Тетово и до директорката. Сакаме со фиизчко приустсво, сакаме да има мерки-сапуни и дезинферкција. Сите да одат со маски, да не бидеме подложни на ризик. Ние како економско за разлика од гимназија сметам дека нема потреба од онлајн настава, затоа што се движиме секаде и има потенцијален ризик, но ако може да бидеме побезбедни во школските објекти. Професорите носат маски и бараат од нас и носиме маски, изјави Елена Кузмановска, претставничка на учениците од економското училиште.

Претставникот на родителите истакна дека при скринингот во гимназија немало утврдено болни

Градоначалникот Биљал Касами кој вчера ја презеде функцијата, на средба со новинарите рече дека не е запознаен со проблемот и дека ќе ги прими родителите и учениците на состанок со цел да се изнајде решение.

ас

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава

За техничка неисправност казни за 22 возила кои вршат јавен превоз на патници во тетовско-гостиварскиот регион

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.