• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Брвеница-со „лежечки полицијци“ се прави обид да намалат сообраќајните незгоди

30/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Местоположбата на тетовска Брвеница е причина за голема сообраќајна фреквентност, со тоа и многу сообраќајки во кои често страдааат пешаците. Граѓаните алармираат дека брзо се вози, а мерките на полицијата се недоволни. Општината со ткн лежечки полицајци прави обид да ги натера несовесните возачи поспоро да се движат, особено на главната улица која е дел од регионален пат.

-Се вози брзо, а и редно беше да се постават овие грпки-полицајци. Зошто има-незнам точно-ама повеќе жртви,а се вози брзо, рече граѓанин. 

-Може да се види во моментот колкава е гужвата на самото место во центарот на Брвеница, каде што имаше во последниот период многу сообраќајки каде што беа доста и фатални со фатални последици каде што загинаа многу човечки животи, вели жител на Брвеница. 

За подобрување на сообраќајните состојби, односно намалување на метежот, општината чека на исполнување на ветеното на Министерството за транспорт и врски и претијатијата за патишта дека ќе се изгради клучка за излез од Брвеница директно на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар.

-Ние како општина дадовме барање до Министерство за транспорт и врски. Ни стигна одговор дека е одобрена клучката во најбрз период ќе биде решена и тоа сообраќајно решение од Брвеница исклучок за автопатот. Ни стигна од Министерство дека е одобрен проектот ќе почне со реализација. Тоа е надлежност на Министерството ние чисто превентивно дадовме барање да знаеме до кај е работата, изјава Јовица Илиевски-градоначалник на Брвеница. 

Клучката за излез од село Брвеница е предвидена во Планот за јавни набавки и отпочната е процедурата за објавување на тендерот кое се очекува да се случи набргу, велат од јавното претријатие за државни патишта.

 Регионалниот патен правец Р2233 од Тетово кој минува низ Брвеница до Чегране па се до Гостивар е делница паралелна на автопатот. Во 2010 година смртно беше прегазено четиригодишно дете, а во 2012 година 40 годишник.  Чести се и излетувања од патот, па возилата завршуваат во дворовите на куќите на главната улица. 

Александар Самарџиев за ТВ Алфа 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Полошките општини бараат нова локација за стационар за кучиња во рамки на регионалното справување во проблемот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.