• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Брзото возење и понатаму најчест прекршок кај возачите-секојдневно по десетина казни

04/11/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Неприлагодената брзина според условите на патот, односно пребрзото возење и минатиот месец октомври бил еден од најчестите сообраќајни прекршоци на подрачјето на СВР Тетово, покажува нивната месечна анализа на податоци.

Во овој период регистрирани се вкупно 311 пречекорувања на максимално дозволената брзина во тетовскиот регион, претежно надвор од населено место, особено на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и на околните регионални патишта, како и на влезовите во Тетово и Гостивар.

-Овие пречекорувања соодветно биле санкционирани со изготвување на поднесоци и со други законски предвидени мерки кои се однесуваат на возачите кои драстично ја пречекориле дозволената брзина.Зависно од констатираното пречекорување возачите ќе се соочат со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност, а екстремно брзите и со заштитна мерка забрана за управување на возилата од три месеци до една година, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

 

Пребрзото возење било причина за 23 од тетовските октомвриски сообраќајни несреќи. И во текот на вчерашниот дел од 8 до 20 часот при контрола дали има пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место, казнети се девет возачи како и тројца за во градот.

Поврзани објави

Вести

Почина 23 годишната девојка од Сараќино која како пешак тешко беше повредена на 15 август во Тетово

19/08/2022
Вести

Пешак на 80 години тешко повреден на улица во Тетово

19/08/2022
Вести

Приведен 60 годишник од Седларево за пукање на свадба

19/08/2022
Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Следна објава

Скулптура од рециклиран смет ќе биде поставена во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.