• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Бркотница на полицијата со жител на тетовски Пирок, повреден полицаец, оштетени полициски возила и наплатна рампа

Триесет и тригодишник од тетовски Пирок е уапсен по бркотница со полицијата за време на полициски час која започна во Гостиварско,а  завршила во тетовско Сиричино.

03/04/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Триесет и тригодишник од тетовски Пирок е уапсен по бркотница со полицијата за време на полициски час која започна во Гостиварско,а  завршила во тетовско Сиричино. При тоа 33 годишникот повредил полицаец, оштетил полициски возила и наплатна рампа.

– М.А (33) од тетовски Пирок управувајќи патничко возило „фолксфаген пасат“, со германски регистарски ознаки, во кое подоцна се откриени остатоци од бела прашкаста материја, најпрво не застанал на полициски знак во гостиварска Топлица и Врапчиште и продолжил да бега. Во еден момент, враќајќи се наназад, со возилото удрил во полициски службеник и го повредил,соопшти СВР Тетово.

Тој продолжил да бега по автопатот Гостивар-Тетово.

-Ја оштетил наплатната рампа, се упатил кон тетовско Желино и по локалниот пат за Сиричино, а попатно удрил и оштетил и две службени возила на МВР. Во знак на предупредување да застане, полициските службеници испукале неколку проектили. Потоа во тетовско Сиричино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода, информира тетовската полиција.

Тој е приведен во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му бидат изготвени поднесоци за неколку кривични дела.

А.С

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Снегот добредојден за зголемена издашност на изворите со вода на Шар Планина

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.