• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Букети цвеќе денес беа положени пред бистите на народните херои Ѓоце Стојчевски-Амбарче и Тодор Ципоски-Мерџан во Тетово

Годинава се навршуваат 75 години од нивната херојска смрт во битката кај мавровското село Беличица.

20/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Народните херои Ѓоце Стојчевски-Амбарче и Тодор Ципоски-Мерџан биле припадници на Третиот тетовски одред и загинале во битка со балистите кај мавровското село Беличица на 19 септември 1944 година.

Во знак на сеќавање и почит кон хероите на Тетово и нивните соборци, букети свежи цвеќиња пред бистите на народните херои Ѓоце Стојчевски – Амбарче кај паркот кај стара библиотека и на Тодор Ципоски – Мерџан во кругот на фабриката Тетекс положија делегации на општинската организација на Сојузот на борци Тетово, тетовската касарна, семејствата на загинатите бориц, а и на Општинската организација на СДСМ општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ И ученици .

Во борбата со балистите, бранејќи го селото Беличица загинале 19 партизани од Третиот тетовски партизански одред. По завршетокот на борбата со партизаните, балистите убиле 17 жени, деца и старци од селото, а потоа го запалиле до темел целото село. Биле заробиле и четворица партизани, од кои двајца биле стрелани во Тетово два дена потоа, на 21 септември.

По тој повод утре  во дворот на црквата Свети Никола во теовската населба Колтук  ќе биде одбележана годишнина од стрелањето на Младен Симовски – Требош и Андреа Ристоски Шварц.

Тагови: амбарчемерџаннародни хероиодбележување

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Тетовци се уште без информации за загадениот воздух

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.