• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Вежба „Спасување од лавина 2022“ се одржи денес на Попова Шапка

24/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Дирекцијата за заштита и спасување на Попова Шапка денес одржи вежба насловена „Спасување од лавина 2022“.  Во текот на денот беа изведени вежби за вкупно три операции-спасување на затрупани луѓе во лавина, изгубено лице надвор од лавинско подрачје во планина како и помош на луѓе за слегување од корпа на жичарница при немање електрична енергија.

Вежбата започна со тоа што тимот за брз одговор на Дирекција за заштита и спасување подрачно одделение Тетово доби дојава дека на Попова Шапка на меѓустаница за Церипашина дека има  има паднато лавина, кај што се наоѓаат три исчезнати лица. Тимот за брз одговор од Тетово беше мобилизиран на настанот и стигна на местото.

-Ппо првична проценка на лавина сфатив дека ми треба помош од тимот од Битола. Го повикавме тимот од Битола кој се наоѓаше исто на Попова Шапка, да дојде на место на лавина и да се приклучи на тимот за брз одговор од Тетово и да пристапиме на сондирање на лавината. При сондирање на лавината гледам дека е многу голема со димензии и специфична бидејќи конфигурацијата на теренот е лоша.Имав потреба да ги вклучиме тимовите од АРМ и МВР со кучиња трагачи, за да има претрага, вели Борис Стојановски, лидер на тимот од Тетово кој ја објасни преземената акција за време на вежбата.

На местото дојде и екипа од Црвен крст. По претрагата беше најдено едно починато лице, кое со ткн. аки санка беше транспортирано до пунктот на Црвен Крст. Бидејќи конфигурацијата на теренот беше таква, почна претрага со кучиња.

-Кучињата од АРМ најдоа уште едно починато лице, го транспортиравме до пунктот на Црвен крст. Претрагата продолжи и се најде едно повредено лице, кое не беше во тешка состојба. Додека вршеа имобилизација на него ни кажа дека има уште едно лице, за кое е сигурен дека не е во лавинското подрачје туку дека е надвор од лавинското подрачје и дека е изгубен. Тогаш го ангажирав тимот со кучиња од МВР да го побараат извлеченото лице и по кратко време го најдоа не беше повредено но беше уплашено. Го евакуваиравме до командата, раскажа Стојановски.

Во втората вежба тимот доби информација дека жичарницата на Церипашина не работи а на трасата се наоѓаат скијачите. Го повикаа тимот од Прилеп кој е специјализиран за вакво спсување и заедно со успеаа да извршат евакуација од корпата на жичарницата до долу со што успешно заврши акцијата. Според Стојановски клучно за тоа беше доброто координирање на тимовите за една ваква специфична акција при лавина.

Досега тимот немал реална опасност од вакви размери-лавина на Попова Шапка. Секоја година има подготовка на тимовите за делување.

-За да се избегнат вакви несакани последици од лавини и вакви и страотни несреќи кои можат да зафатат и луѓе и многу материјални добра да уништат треба населението да биде едуцирано за опасностите кои ги предизвикува лавината. Потребно е да се имаат информации како треба да се движи во лавински подрачја.  Препораката е да не се движат по лавинската подрачја туку да одат на работ од долината каде се претспоставува дека ќе има лавина. Да не одат групно, но ако треба да ја пресечат лавината. Обично планинарите и алпинистите обично ја пресекуваат лавината-еден човек да биде во лавинското подрачје па на 50 метри друг на сигурно да биде и така да се движат, изјави Стојановски.

Според него правило и препорака е кога ќе заврне снег три дена да не се оди во планина заради тоа што снегот не е стабилен.

-Кристалите се преобрауваат од еден вид во друг и има потреба од стабилизирање на снежната покривка. Најмалку три дена од кога ќе падне новиот снег. Има и други параметри околу снегот- дали има ветер, температурата каква е, видот на снегот, на која стране е лавината. За жал скијачите и сноубордерите кои одат на неуредени патеки надвор од ски центрите низ шумите тие може да ја предизвикаат лавината,  изјави Стојановски.

Тој апелираше за време на скијање и планинарење луѓето да се однесуваат дисциплинирано.

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Еден од тетовските обвинители меѓу петмина казнети и суспендирани во Македонија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.