Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф денес испрати празнична честитка до верниците од епахијата. Тој на верниците им посака Христовото Воскресние да донесе радост во срцата како и да биде благословен секој дом.
-Возљубени чеда на тетовско-гостиварската епархија при Македонската православна црква, нема поголема вест за човекот и светот за најрадосната вест за победа на животот над смртта. Со тој неповторлив настан, Бог ни објави дека сето го создава и кој е во Христа тој е новосознание. Со Воскресението добија смисла и небото и земјата. И човекот и светот и времето и вечноста. Нека светлината на Христовото Воскресние Ви ги осветли Вашите срца, а неговата бесконечна љубов го благослови Вашиот живот и Вашиот дом. Христос Воскресна, Навистина Воскресна, истакна владиката во честитката до верниците.
По повод Велика Сабота митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф во Лешочкиот манастир света Василиева литургија богослужеше во сослужение со повеќе свештенослужители.
Вечерва во 23 часот и 30 минути владиката во соборниот тетовски храм Свети Кирил и Методиј ќе го започне трикратниот опход околу црквата со пееење на Воскресение Твое Христе Спасе и со биење на камбаните. На полноќ ќе го објави Христовото Воскресение по што ќе следува Златоустова литургија.