Прес-конференција одржа Александар Велјановски, координатор на советничката група и кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ-Тетово
-Република Македонија се соочува со сериозна здравствена и економска криза. СДСМ и Зоран Заев се покажаа како неспособни да ја менаџираат кризата, и да ја водат државата. Зоран Заев свесно ја понижи Република Македонија, ја претвори во држава на безредие и хаос, држава која станува жариште на епидемија и сиромаштија. За жал, Република Македонија покрај со здравствената и економската епидемија, се соочува со национални порази, криминал и корупција. Се рушат рекорди на заболени луѓе и луѓе кои ги губат своите животи. Но исто така се губат и работни места, а сиромаштијата се зголемува.
На СДСМ око не им трепнува… Го злоупотребуваат буџетот и народните пари, не презадолжуваат сите нас, надевајќи се дека со тоа ќе добијат глас повеќе. Ние, јасно и недвосмислено ви ветуваме дека на изборите ќе бидат жестоко поразени, а потоа ќе има одговорност за сите криминали што ги имаат направено. За ВМРО ДПМНЕ животот и здравјето е пред се, затоа нашите услови за одење на избори беа во таа насока. ВМРО ДПМНЕ бараше и доби дефинирање на протоколи со кои ќе се заштити здравјето на гласачите, како и вклучување на набљудувачката мисија на ОБСЕ ОДИХР од почетокот на кампањата.
Драги сограѓани, во следниот период ќе се одлучува за иднината на Република Македонија. За еден месец од денеска, на 15 јули да излеземе сите на гласачките места и да ставиме крај на штетните политики на Зоран Заев и СДСМ. Време е Зоран Заев да си замине. Ние ви ветуваме дека ќе има чесна работа, но и одговорност за сите злодела и криминали кои се направени. Со многу работа, и посветеност, чесно и одговорно ќе се соочиме со проблемите и ќе ги решаваме. Почитувани граѓани, Ќе победиме, приклучете се во нашата победа, а потоа сите заедно Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите останати да ја обновиме Македонија Обновата Доаѓа. Да живее Република Македонија, истакна Александар Велјановски.