• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Инфо компас

Вечерва пред општина Тетово протест, внатре владина седница

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово закажа протест пред општина Тетово денес во 18 часот пред зградата на општина Тетово поради енормното загадување на воздухот. Владата на Република Северна Македонија најави дека ќе ја одржи 165-та седница денес во Тетово.

12/11/2019
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово закажа протест пред општина Тетово денес во 18 часот пред зградата на општина Тетово поради енормното загадување на воздухот.

Мирниот протест е со цел да ја алармираме власта за здравствените проблеми со кои се соочуваат сите граѓани на општината поради енормното загадување на воздухот и нивното непревземање конкретни активности со цел ублажување или подобрување на квалитетот на воздух ко го дишеме како и да ги потсетиме за нереализираните ветувања и проекти за “Почист воздух” и “Воздух за сите”, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ во повикот на социјалните мрежи.

Владата на Република Северна Македонија најави дека ќе ја одржи 165-та седница со почеток во 19:00 во зградата на општина Тетово. Претходно ќе има и министерски теренски активности.

Министрите за транспорт и врски и за економија, Горан Сугарски и Крешник Бектеши ќе направат увид во реконструкцијата на булевар „Видео Смилевски Бато“. Министерот Бектеши ќе ја посети компанијата „Федер Бау“. Министерот за здравство Венко Филипче ќе го посети Клиничкиот центар во Тетово. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска ќе ја посетат пекарата „Ремини“ корисник на мерките од оперативниот план за самовработување.

Оваа седница е втора во низата на седници кои ќе се одржуваат во различни региони во државата, со учество на градоначалниците од Полошкиот регион, од општините Тетово, Гостивар, Јегуновце, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце и Желино.

Поврзани објави

Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Следна објава

Вицепремиерот Бујар Османи : Владината седница во Тетово е регионален пристап за подобри резултати

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!