• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Теми и интервјуа

Вечните почивалишта вечен проблем во Тетово

Се чекаше со децении да се изгради, а сега кога објектот е готов со месеци се очекува капелата при православните гробишта во Тетово да почне да функционира.

30/01/2020
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Се чекаше со децении да се изгради, а сега кога објектот е готов со месеци се очекува капелата при православните гробишта во Тетово да почне да функционира, објави Радио Слободна Европа тема на новинарот Александар Самарџиев.

Уште од летото минатата година, завршија градежните работи и објектот беше готов. Сепак цело време од тогаш и сега преку големите надворешни прозорци може да се види дека во внатрешноста нема ништо и не е во функционална состојба.

Иако во декември на седница на Советот на Oпштина Тетово капелата беше предадена на владение на јавното комунално претпријатие, објектот се уште не е пуштен во употреба.

Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ поставува повеќе прашања до општината, сомневајќи се дека не е сè во ред со потребните технички стандарди за почнување со работа на ваков објект.

„Какво е сообраќајното решение околу паркирањето и пристапот до и од градската капела, дали се исполнети сите технички стандарди за ваков вид објект. Според експертите кои ги консултиравме овој објект не ги задоволува ниту минималните технички стандарди, дали е точно дека ЈКП Тетово нема предвидено средства за стопанисување со капелата. Дали е точно дека самиот надзорен инженер на овој проект изразил бројни забелешки од технички смисла. Како тоа недовршен објект се предава во сопственост на комунално претпријатие. Во јавната книга каде се запишуваат правата на недвижности овој објект не е запишан како таков, дали на овој начин како дивоградба се предава на комуналното претпријатие да стопанисува со него“, вели Александар Велјановски, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи нема конкретен одговор која е причината да не работи капелата. Вели дека надлежното комуналното претпријатие ќе го стави објектот во функција.

„Од информациите што ги имам од директорот на ЈКП тие веќе ги имаат исконтактирано тие компании со кои работат во однос на реализирање на погребалните услуги така да во однос ниту на техниката, ниту на ништо друго, нема ниедна пречка тоа да функцинира и сметам дека тоа е едно големо олеснување за граѓаните. За нас тоа е работа што цениме дека е завршена и апсолутно ЈКП после последната седница на советот има обврска да го стави во функција и тоа да биде во полза на граѓаните“, рече градоначалничката.

Православните верници со децении се соочуваат со повеќе предизвици кога станува збор за погребувањето. На гробиштата во Тетово одамна нема место, а новата локација во селото Фалише десетина години се користи иако е неуредена и без потребната инфраструктура

Александар Самарџиев за Радио Слободна Европа 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

За реставрација на фрескоживописите во црквите нема доволно конзерватори за ѕидно сликарство

19/06/2022
Вести

Дека не запира трендот на иселување од државата покажуваат и најновите бројки од уписите во училиштата

18/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари се соочија со оштетување на опремата и возилата гаснејќи го пожарот во поранешниот тутунски комбинат „Македонија табак“

07/06/2022
Теми и интервјуа

Дел од пензионерите имаат 10 илјади денари пензија, па се мачат како да платат сметки и да се прехранат,во време кога секојдневно се зголемуваат цените на храната

03/06/2022
Теми и интервјуа

Нема некоја поголема промена на Шар Планина иако речиси една година е национален парк

25/05/2022
Вести

Градочалникот Касами со најава дека ќе продолжи пробивањето на булеварот „Благоја Тоска“

09/05/2022
Следна објава

Отворени простории на партијата „Единствена Македонија“ во Тетово, Љупчо Столевски избран за претседател на тетовскиот комитет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.