Оваа година, јубилејно по 50 пат светот го одбележува Денот на планетата Земја.
-Денеска, го славиме чудото наречено живот што за сега знаеме дека постои само на оваа сино-зелена топка која плови во Универзумот. Големите еколошки и природни катастрофи за кои сведочиме треба да ги разбереме како порака што Мајката Земја ни ја испраќа на сите, велат од Институтот за комуникациски студии од каде во во рамки на проектот „Дома“ е изработено видеото по повод одбележувањето на 22 април, денот на планетата Земја.
Светскиот ден на планетата Земја е востановен на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет, достигнувајќи 175 држави.
Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.