• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Инфо компас

Владата одлучи да има полициски час од 22 часот до 5 часот

09/03/2021
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На денешната седница на Владата донесена е одлука за забрана за движење на населението и на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник).

Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници.

За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат најмногу ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин.

Надлежните служби на граничните премини ќе ги пропуштат патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето на полициски при што ќе се спроведуваат и до сега активните мерки за задолжителен ПЦР тест за оние што доаѓаат од оние земји за кои оваа постапка е задолжителна.

Со заклучок на оваа седница на Владата, Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да објави соопштение со кое ги известува граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана на движење.

Министерството за информатичко општество и администрација ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и за оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање.

Отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи.

За дополнителните исклучоците во однос на забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата доколку има потреба ќе ги утврдува Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, во соработка со надлежните органи на државната управа.

Со оваа одлука на Влада се опфатени и сите домашни и странски физички лица, патници од земјите од Афричкиот континент, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе се упатуваат во 14 дневна домашна изолација (карантин).

За сите видови групни или индивидуални патувања, патниците од земјите од Афричкиот континент кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, задолжително ќе биде потпишувањето на Изјава за транзитирање.

 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Изучување на курсеви по англиски и германски јазик во Отворен граѓански универзитет за доживотно учење Тетово  

15/09/2023
Инфо компас

Како да уловиш ваучер од 5.000 денари и квалитетен покрив?

11/09/2023
Инфо компас

Планирани прекини во снабдување со електрична енергија за понеделник 11 септември  2023 година

10/09/2023
Инфо компас

Бамбар Дизајн – фирма за производство на мебел вработува општи работници и лица за шиење при производство на тапациран мебел

07/09/2023
Инфо компас

Zlatesky Photography – Ние ги зачувуваме вашите најубави моменти

06/09/2023
Инфо компас

Кроација осигурување на нова локација – улица ,,Благоја Тоска” број 59-1 во Тетово

01/09/2023
Следна објава

Апсење во центарот на Тетово на 35 годишник за издржување казна затвор поради дрога

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!