• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Владика Јосиф : Да се запрашаме дали на Богородица и ја оддаваме заслужената почит, дали го постевме Богородичниот пост

Централно празнување на Успение на Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир. Празникот со црковно-народни собири се одбележува и во црквите Света Богородица во Тетово, Џепчиште, Брезно и месноста Ќелија во Теарце.

28/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со света архиерејска литургија утринава по повод празникот Успение на Пресвета Богородица централно одбележување се одржи во Лешочкиот манастир. Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф  во сослужение со тетовските свештеници ја отслужи архиерејска литургија. Потоа во проповедта владиката истакна дека светицата подеднакво се грижи и за сите верници и затоа тие треба да и дадат заслужена почит со постење на Богородичниот пост и присуство на литургиите.

-Богородица, која освен што е мајка на Бога е и наша Мајка, бидејќи подеднакво се грижи и за сите нас. Таа нејзина грижа и благодат се чувствува и во овој манастир. Но, мили мои, да се запрашаме дали ние Неа не ја напуштаме, дали И ја оддаваме заслужената почит, дали го постевме Богородичниот пост, дали присуствуваме на литургиите, дали редовно се молиме, исповедаме и причестуваме? – Да се запрашаме, но никако да не очајуваме доколку не сме го практикувале тоа во својот живот, бидејќи доколку редовно не ги практикуваме овие духовни работи – никогаш не е касно да го направиме тоа. Еве, овој радосен празник е вистинска можност за нов почеток во кој треба да се потрудиме никогаш да не ја напуштиме Богородица, туку постојано да И приоѓаме за застапништво, бидејќи Таа е наша поткрепа во духовниот живот и единствено Таа сè разбира, рече владиката.

Митрополитот истакна дека се надева на обнова на манастирската црква Успение на Пресвета Богородица.

-Во Лешок се чувствува и се живее под закрилата и благословот на Богомајката. Се надеваме дека со Нејзин благослов набрзо ќе се случи и обновата и реконструкцијата на овој важен духовен центар во оваа епархија, рече г. Јосиф.

Лешочкиот манастир најмасовно е посететен во Тетовско за овој празник од страна на верниците. Празникот со црковно-народни собири се одбележува и во црквите Света Богородица во Тетово, Џепчиште, Брезно и месноста Ќелија во Теарце.

 

 

 

 

Тагови: Лешокпразниктетовска епархијауспение на пресвета богородица

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Одлуки за нова спортска сала и зголемување на број на деца во градинките на денешната седница на Советот на општина Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!