• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Владика Јосиф : Последиците од помраченоста на умот се големи и погубни и за нашето општество

Со света боженствена литрургија со која чиноначалствуваше Митрополитот на Тетовско - Гостиварската епархија г. Јосиф, беше одбележан празникот Свети Наум Охридски Чудотворец во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка.

06/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Владиката пред верниците посочи дека и во времето на живеењето на светецот и сега народот се соочувал со слични предизвици кои исто така може да се надминат со ширење на евангелски морални принципи.

Ако го резимираме животот на светиот Наум слободно можеме да кажеме дека неговиот живот е служење на Бога и служење на луѓето. Како голем молитвеник, тој не само што се молел пред Бога за човечките незнаења, туку како просветител се трудел да ги научи луѓето на евангелските морални принципи, бидејќи знаел дека многу гревови извираат од човечките незнаења. И тогаш како и денес, најголем проблем и извор на злото било незнаењето, кое води до помраченост на умот. Последиците од помраченоста на умот се големи и погубни и за нашето општество. Тие започнуваат од неправилен начин на живеење, па водат се до воведување на нови и туѓи надметнати „вредности“ под слоганот на таканаречената демократија и дискриминација. Жално е денес што после толку векови, ние како народ како се почесто и почесто да ги забораваме советите од нашите учители и просветители, на оние, кои токму од овде, од нашата првопросветлена земја од страна на апостолот Павле, преведувајќи го Евангелието на словенски јазик како семе го посеале низ тогашните европски престолнини и ги просветлиле нехристијанските народи, осветлувајќи го паганизмот со евангелските добродетели, просветлувајќи ги непросветлените и сите, а особено тријазичниците – учејќи ги на христијанската љубов, која секогаш ни е најпотребна на сите нас, истакна владиката Јосиф.

Црковното празнување продолжи со прережување на славските колачи со кои се одредија кумови за прославата во 2020 година. За сите присутни на црковно народниот собир во манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка беше приреден празничничен ручек кој го благослови Митрополитот Јосиф.

Тагови: ВладикаголемиЈосифнашетоопштествопогубнипомраченостапоследицитеумот

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

СВР Тетово апелира да не се користи оружје на свадбите

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.