Патрониот празник на манастирскиот храм Свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка денес беше одбележан со заедничка архиерејска богослужба на двајца митрополити г. Јосиф од тетовско-гостварската и г. Иларион од Брегалничката епархија.
-По архиерејската литургија поучно празнично слово за верниците одржаа двајцата владици по што беа прекршени и славските кумски колачи. И оваа година поради пандемијата се одржа скромна прослава на празникот, информира отец Жарко Мицковски од црквата Свети Наум Охридски Чудотворец.
А.С