• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Влатко Стефановски гостуваше во тетовското музичко училиште

15/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Еден од најпознатите македонски музичари Влатко Стефановски вчера беше гостин во Државното музичко учлиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ . Тој одржа кратко предавање и разговараше со учениците,  а изведе и дел од неговиот богат репертоар.

-Ни се исполни желбата во нашето училиште да гостува нашиот најпознат музичар и гитарист Влатко Стефановски, кој светот одамна го има поставено како музички великан.  Концертната сала на училиштето беше преполна, а концентрација на максимално ниво кога Влатко зборуваше и ги мотивраше нашите ученици. Огромно е значењето за младите музичари да чујат од искуството на нашиот Влатко Стефановски кој во музичка смисла го има „освоено светот“, а се се уште знае да биде обичен човек и да разговара со сите нас, изјави директорот на музичкото училиште Љупчо Перински.

И учениците се претставија пред Стефановски.

-Ученциите од музичко училиште подготвија кратко видео со секвенци од неговата музичка кариера. Дел од учениците и настапија со свои музички точки и покажаа пред музичкиот великан колку ја совладале музичката уметност, изјави Перински.

Директор посочи дека Стефановски во Тетово доаѓа помеѓу две патувања надвор од земјата. Пред  да дојде бил во Бугарија, а по гостувањето во тетовското музичко училиште заминал за Будимпешта.

 

Тагови: влатко стефановскимузичко училиште

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Денес штрајкуваше судската администрација

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!