Во соопштение до јаавноста општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово одговори на предлогот на ВМРО Народна партија Тетово.
-ВМРО-ДПМНЕ повикува и подава рака на секоја опозициска партија и сила на која цел и е пораз на Заев и победа над мафијата на власт.Имаме разлики во опозицијата, но целта ни е иста. Пораз на Заев и вадење од катастрофата на Македонија.
Воедно ги повикуваме и малите партии на власт НП и ОМ, доколку целта им е промени на власта, пораз на мафијата на Заев јавно да се откажат од коалицијата која ја имаат на локално и централно ниво со СДС и без условувања да се приклучат кон опозицијата.
Нема повеќе изговори или си власт или опозиција. Сите тие кои ќе останат надвор и кои ќе се колебаат, бараат изговори или спротивстават на обединување се оние кои служат во скутот на Заев и се инсталирани од власта за да ја слабеат опозицијата. Многу јасно и прецизно ќе се видат кои се тие.
Доаѓа денот на големи промени коишто ќе се случат после поразот на СДС и ДУИ на овие локални избори. Следува ново владино мнозинство веднаш после поразот на власта на локалните избори и одговорност. Обединетата опозиција ќе ја собори власта, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ Тетово.