ОК на ВМРО Народна партија Тетово преку соопштение до јавноста изразува задоволство од изјавите на некои политичари кои ја прифатиле нивната идеја – изразија подготвеност за поддршка на нашиот предлог со идниот Совет на Општината да претседава претставник од тн македонски политички блок.
За да не остане оваа изјава само декларативна, ВМРО Народна партија предлага:
Сите партии од македонскиот кампус да потпишат изјава со која ќе се обврзат, доколку освојат мандати во идниот состав на Советот на Општината, да не учествуваат во неговото конституирање се додека не се уважи барањето со Советот да претседава Македонец. Согласно Мајскиот договор, во идната локална власт да партиципира партијата која ќе освои мнозинство мандати. Сметаме дека ваквата изјава ќе придонесе конечно Македонците да добијат и определена политичка функција во рамките на локалната власт во Општина Тетово, информираат од ОК ВМРО Народна партија.
Во оваа прилика сакаме да ги запознаеме граѓаните на Општина Тетово дека ВМРО Народна партија на претстојните Локални избори 2021 ќе учествува самостојно, со своја листа за советници и очекуваме тетовчани да дадат црвен картон за досегашното „бистрење политика“ од страна на досегашните учесници во локалната власт, се вели во соопштението од ВМРО Народна.