Во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавен инцидент помеѓу двајца полициски службеници, по што е започната истрага од страна на службата за внатрешна контрола при МВР. На повеќе веб портали се појавија и видеа од инцидентот при што се забележуваат вербална расправија, турканици, обид за физичка пресметка. Едниот од полицајците по радио врска повикува единица за интервенција.
-Во СВР Тетово е пријавен во 16 часот инцидент кој се случил на крстосниците на улиците 120 и Борис Кидрич во кој се инволвирани двајца полициски службеници. За случајот е информиран и Одделот за внатрешна контрола, полициски истраги и професионални стандарди, соопштија од СВР Тетово.
А.С