Прекин во водоснабдувањето има до 50 отсто од домаќинствата во Тетово кои сега се соочуваат со отежнатото снабдување со вода заматување на водата од која се зема од месноста Лешница во новиот дистрибутивен систем, информираат од работната единица„Водовод и канализација“ при ЈКП Тетово. Од вчера навечер поради заматената вода се активираат сензорите во новиот водоснабдителен систем кои не дозволуваат проток на водата.
-Заматеноста на природните извори кај месноста Лешница е поради поројните дождови кои придонесоа да има земја и кал. Сензорите во новата филтер пречистителна станица автоматски се затвораат и не дозволуваат таква вода да влезе во системот. Од вчера се расчистува во филтер станицата кај сензорите, а чекаме и важно е и природното разбистрување на изворите кај Лешница. Се надеваме дека денес или утре ќе се стабилизира состојбата, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на водотехничката лабораторија.
Воводоната мрежа во Тетово сега има само 150 литри вода во секунда кои се добиваат од стариот дистрибутивен систем.
Со ваков проблем градот се соочи во септември и во октомври 2020 година.
А.С